Стоилковски: Македонија пат плаќа 12.000 евра за цистерна, 11.000 евра повеќе од реалната вредност

Јавното претпријатее „Македонија пат“, водена од Костадин Ацевски кадар и поранешен пратеник на СДСМ, склучила договор за битумен, тендер вреден 10 милиони евра, од кој речиси 4,5 милиони евра се даваат само за транспорт, а станува збор за нереална сума, која не одговра ниту на состојбата на пазарот, како и на пазарната цена за транспорт на битумен, рече во вторникот Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски прецизираше притоа дека претпријатието „Македонија пат“ склучило договор за транспорт на битуменот, со којшто се плаќаат „неверојатни“ 4,5 милиони евра само за транспорт, оти станува збор за 374 цистерни, по над 12 илјади евра за цистерна, прецизирам, само за транспорт.

„Цената на битуменот не игра улога во определувањето на цената на тендерот. Така и се определува најповолната понуда. Постои променлив дел, а тоа е цената на битуменот и постои фиксен дел, а тоа е сумата за транспорт, за што се пари односно оној што дава понуда за да го носи битуменот. Таква е и формулата при пресметка за најповолна понуда. Во него стои цената за набавка  на битуменот како променлив дел , во случајот 136.420 денари за еден тон и стои фиксен дел  за транспорт на тон битумен за 29.295 денари за еден тон“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Направи споредба со уште еден договор за набавка на битумен, но во кој градското скопско ЈП „Улици и патишта“ за променлив дел цената на битуменот стои според формулата од една страна, тука е веќе 38.000, додека, пак, за фиксниот дел, она што го определува транспортот и ја определува сумата на тендерот, цената за транспорт по тон е 2.915 денари.

„Уште еднаш – за споредба, за Костадин Ацевски цената за транспорт на еден тон 29,295 денари, за Улици и патишта е 2.915 денари, 10 пати повеќе плаќа Костадин Ацевски. И за споредба, ако броиме по цистерни само транспорт на една цистерна, Македонија пат ја плаќа 12.000 евра, само транспорт на една цистерна Улици и патишта би платила за 1.000 евра. Разликата е 11.000 евра за една цистерна, или за сета набавка, за од 374 цистерни, разликата е над 4 милиони и 100.000 евра, доколку би се направил тендер по цени како градското ЈП на Скопје, Улици и патишта“, заклучи Стоилковски.

Побара од Ацевски, кој е партиски кадар и поранешен пратеник на владејачката СДСМ, да ѝ каже на јавнсотаи според која формула е правена пресметката за  тендерот за набавка на битуменот.

„Како е возможно, за транспорт да плаќа речиси 4,5 милиони евра. Како е возможно, набавка на битумен, којшто се набавува најчесто од Србија, Грција и малку помалку од БиХ, односно патишта  со слична километража, разликата во цена за транспорт за цистерна да изнесува цели 11.000 евра? Соредбено, уште еднаш со цените добиени од Улици и патишта, сиот транспорт на Македонија пат би чинел 443,000 евра, а со цените на Костадин Ацевски чини 4,553,000 евра“, додаде Стоилковски.