Цел ден МВР молчи, Спасовски молчи, Заев молчи- дали блискоста со Заев значи дозвола за кршење на кризна состојба, забрана за движење, дали блискоста со Заев значи криење на случај во којшто се повредени тројца полицајци? МВР и единицата Тигар трпат сериозен удар врз нивниот углед затоа што нема конкретен одговор ниту пак истрага, дали на објавените фотографии се гледа службеното возило на командирот на полициските Тигри, Митко Даневски?, ова денеска преку прес-конференција го прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-24 часа молк од МВР, молк од Спасовски, молк од Заев, молк од обвинителството, нема одговор дали на фотографиите доставени од свиркачи во полицијата не е службениот автомобил на командирот на полициските Тигри, Митко Даневски, фотографии од камери, на коишто стои часот кога минува идентично возило по кое е направена стравотна потера на Водно се до скопските улици? Молкот од МВР потврдува дека ова е возилото, нивно службено возило? Според свиркачите, потерата почнува од 1,35, по автомобил Шкода Октавија, бела боја, со затемнети стакла, која што била паркирана на земјениот пат свртена кон шумата, а наместо да излезе да се легитимира, возачот заедно со женско лице, избегал со возилото кон кружниот тек Сопиште, а потоа надоле кон Припор па кон улица Мариовска. Почитувани, фотографиите направени токму по тоа движење покажуваат идентичен автомобил, бела Шкода Октавија, со затемнети стакла, фотографии од видео надзор по патеката опишана погоре, вели Стоилковски.
Тој додава дека доколку МВР и ЈО се одважат пред се погласните прозивки во јавноста дека Даневски ужива заштита заради неговата крвна врска со обезбедувањето на Заев, но и со висок функционер од Делчево, ќе застанат пред прозивките. Но за тоа ќе мора да одговорат, каде се видео снимките од Паметен Град, дали Даневски има исто вакво службено возило, дали Даневски вечерта го земал службеното возило, дали било кај него во моментот на потерата?
-Ваков случај во кој што има тројца – нагласувам тројца повредени полицајци полициски службеник завршил на операција, со последици и со подолго здравствено отсуство, не смее да се сведе на непознат сторител. Уште повеќе воведена се случува при воведена кризна состојба во цела држава, а во Скопје е забрането качување на Водно, значи двојна забрана. Или МВР на Спасовски е неспособно да изврши задачи, или случајот се крие. Помина цела недела од случајот, а нема информации, само и само затоа има се погласни упатувања дека станува збор за криење на командирот на Тигрите, заради неговата врска со Зоран Заев. Доколку е така, а се поочигледно е дека е така, Македонија со Заев тоне во тешка диктатура со неказнето аздисување на луѓе од безбедносниот систем, аздисување и самоволие на Спасовски, на Заев, чиишто желби се посилни од закон и норми, потенцира Стоилковски.