Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, реагира за намерите на влсата да одржува избри и гласачки процес во Штип во време кога во Македонија за еден ден има преку 1.400 луѓе заразени со Ковид-19.
Како што истакнува Стоилковски, одржувањето на избори во услови на разгорена епидемија е гротескно, особено што на тие избори ќе учествуваат само партиите на власт.
-Венко Филипче се слушаме ли?
На 1400 заразени дневно, вие терате избори во Штип и во Пласница? И тоа избори на кој што ќе учествувате сами, вие, партиите на власт!
Па ова го нема во Северна Кореја!
Уште ли ќе велиш дека „се е под контрола“ само за да му удоволиш на Заев? Уште ли ќе водите инает на сметка на животите на граѓаните? За што, за неколку месеци? Или за спас и бегање од вистинските теми? Жртвувате животи на луѓе за спас на кариерата на Бочварски и на Заев?
Со денови теравте лажна најцрна пропаганда против Христијан Мицкоски и против ВМРО- ДПМНЕ, дека опозицијата бегала од избори.
Неколку пати ви укажавме на катастрофата. Еве сега се гледа што е причината. А таа, вистинската причина, е трагедија, над 1.100 смртни случаи до сега.
Секој ден губење животи, секој ден илјадници нови заразени, нови трагедии во, но и пред болниците. Секој ден нови сведоштва за незамисливи хорор преживувања на цели семејства и нивниот близок во вашите „болници на смртта“!
А, вам ви е до избори, до кампањи, до пари, до поткупи, до маркетинг. Нехумано и срамно, пред се за тебе, Филипче, како доктор, ако воопшто останало нешто од докторската етика кај тебе! – се наведува во реакцвијата на Стоилковски.