![naum stoilkovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/naum-stoilkovski-1.jpg?resize=661%2C428&ssl=1)
Шокирани сме од однесувањето на источниот сосед, чиј што негаторски однос е потценувачки за нас како држава, нација и народ и секако не е пример за европски вредности, напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на својот Фејсбук профил.
„Но треба да бидеме свесни дека таквото однесување е последица на гмечењето и толчењето на неспособниот мафијаш Зоран Заев кон сопствената држава и народ, кои што за власт, пари и тендери е подготвен за трговија.
ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и осудува секаква негаторска политика кон Македонија и Македонскиот народ.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека политиката на свиткана кичма на Заев, без суштинска работа и резултати, ги зголемува апетитите на оние кои што имаат поинакви интереси од националните и државните интереси на Македонија.
Зоран Заев треба да понесе одговорност што повторно ги доведува европските интеграции во ќорсокак, овој пат во услови на тешка социјална , здравствена и економска криза.
Заев не е иднината на оваа земја туку тегот и изворот на сите проблеми“, истакнува Стоилковски.
*Фото за споредба: лагите и недоветноста на мафијата
![Сликата може да содржи: еден или повеќемина, текст кој вели „сдсм сдсм- социјалдемократски cojy3 на македонија 35 m Like Page македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите co бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство. UIUM WLM UUUM CM сдсу ѕдсм сдсм сдсм сдсм CM CдCI !CM сдсм“](https://scontent.fskp1-1.fna.fbcdn.net/v/t1.0-0/p526x296/119629826_10158418965510499_8842687981528650134_o.jpg?_nc_cat=110&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=DaJtCM7rjAQAX8hEYSH&_nc_ht=scontent.fskp1-1.fna&tp=6&oh=adbfeac802d025b3a36d481ab4ab6537&oe=5F88DBA6)