![stevo pendarovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/stevo-pendarovski-1.jpg?resize=696%2C362&ssl=1)
„Пендаровски да престане да се користи со флоскули и титули, туку јасно да излезе во јавноста кој тоа се консултирал со него за амнестија, во спротивно ќе го сметаме за уште една пласирана лага од него. За жал, претседател на државата е фикус на власта и претседател лажго“, кажа Стоилковски прашан за тоа дали опозиционерите кои го консултирале претседателот за амнестија на Груевски се обратиле и кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Столковски и во саботата на истатаа тема го прозва Пендаровски, на што од кабинетот на шефот на државата беше одговорено со куса објава дека наводно предлозите дошле од „политички и безбедносни структури блиски до опозицијата“.
„До претседателот Стево Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврата, беа упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари. Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.