Стоилковски: Референдумското изјаснување е неуспешно

Република Македонија има три ризични периоди во својата независност, трите се поврзуваат со СДСМ. Првиот криминалната приватизација, промена на Устав и на македонското знаме со прифаќање на Времената спогодба, второто во 2002 година и 2004 година со територијалната поделба кога го бојкотиравте референдумот, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

Стоилковски вели дека референдумското изјаснување е неуспешно, бидејќи според позитивниот закон на Република Македонија не е исполнет цензусот односно на референдумот не гласале пола од запишаните избирачи во избирачкиот список.

Тој смета дека волјата на народот треба да се почитува без разлика на тоа што владата на СДСМ и Зоран Заев се обидуваат да го протуркаат на сила и да ја погазат волјата на граѓаните.

Стоилковски потенцираше дека референдумското прашање било трозначно, манипулативно и збунувачко за граѓаните, додека пак референдумскиот ден поминал со низа нерегуларности и неправилности, истакнувајќи дека на неколку избирачки места се гласало групно, додека на некои избирачки места се гласало на секои 15 секунди што според сите закони на физиката не е возможно.

Портпаролот Стоилковски го повтори уште еднаш ставот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека не го поддржува промена на Уставот се со цел промена на уставното име на Република Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи промена на Уставот се со цел промена на уставното име, вели Стоилковски.