![Screenshot_1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/Screenshot_1-9.jpg?resize=673%2C413&ssl=1)
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го завршува мандатот како најбогаиот градоначалник во земјата со пријавен имот од над 1.300.000 евра, со четири стана, трокатна луксузна приватна зграда, неверојатнo луксузна вила на Маврово, непријавени луксузни автомобили вредни околу 100.000 евра, изјави на денешнта прес конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Шилегов го завршува мандатот со целосно реновирање на семејната зграда од над 300 квадрати, а пред неполни три години се поднови со луксузна вила на Маврово исто од 300 квадрати! И тоа би требало да се верува дека го стекнал со чиновничка плата околу 1000 евра колку што изнесува платата на градоначалникот на Скопје. Луксузната вила на Шилегов тој во својот анкетен лист напишал дека чини 55.000 евра. Што е невозможно за таков луксуз од 300 квадрати“, рече тој.
Стоилковски потенцираше повторно дека Шилегов поседува и четири станови, сите на атрактивни локации со квадратури од 65 до 85 а сите заедно над 300 квадратни метри.
Стоилковски притоа забележа дека Шилегов само според пријавеното е побогат, на пример, градоначалникот на најмалку двојно поглемиот Белград, како и од неодамна починатиот Милан Бандиќ, со речиси 20 години градоначалничка функција во Загреб.
„Еве ја споредбата со Загреб и Белград. Милан Бандиќ по 20 години градоначалничка функција, замина од овој свет со еден стан од 125м2 и викендичка од 55 метри квадратни. Бандиќ, хрватската и балканска легенда од Загреб 20 години татко на Загреб, најмалку 4 пати со помало богатство од Петре Шилегов. Зоран Радојчиќ, белградскиот татко, избран една година по Шилегов, живее во еден стан од 97 квадрати во Белград, а има и вила на Златибор од 155 метри квадратни. Радојчиќ, инаку педијатар и детски хирург, професор на Медицинскиот факултет во Београд- поседува еден стан и една вила. И да, поседува автомобил- Фиат 500 година на производство од 2013 година купено 10.000 евра. А Шилегов вози- ама не вози! Иако сите го гледаат неговиот возен парк според анкетниот лист, тој не поседува автомобил. Но, според полициски записник, има поседува два луксузни автомобили марка Ауди, А5 како и Ку5, заедно вредни 100тина илјади евра! Ама Шилегов нема пријавен автомобил иако и на прес конференција призна дека на работа одел со електричен модел на автомобил, што и тој не е наведен во неговиот анкетен лист, појасни тој.
Стоилковски посочи дека Скопје е далеку зад Загреб и Белград, по големина, број на жители, инфраструктура, по развој, хигиена, и одржување, но затоа пак Скопје е далеку пред нив по луксузот и личното богатство на Петре Шилегов.
„Нема ништо полошо од лажна социјалдемократија, нема ништо полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Петре Шилегов“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.