Единствена вистинска катастрофа во оваа држава е Зоран Заев и неговата политика. Единствена катастрофа во Македонија во делот на предавството на национални и државни интереси, во делот на економијата, здравството, образованието, земјоделството е токму Зоран Заев, ова денеска на прес-конференција го истакна Наум Стоилковски до ВМРО-ДПМНЕ.
-На денешната прес конференција Зоран Заев соопшти најмалку една лага, и реализираше една закана. Првата лага е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се заканувал кон пратениците. Гуруто за уцени, закани преку злоупотреба на судскиот и обвинителскиот систем и за ниски пазарења во оваа држава е токму Зоран Заев. Првиот доказ за тоа е како обезбедува двотретинско мнозинство во Собранието за насилна смена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија. Втората лага е дека Мицкоски нешто различно ветувал од тоа што го говори во јавноста. Единствениот кој отворено лаже, манипулира и замајува на отворена сцена е токму Зоран Заев. И тоа го лаже народот, безочно, безобразно, без грам морал. Колку само ветувања не исполни, а сетете се колку само удирања во гради имаше дека нема да го менува Уставот. Еве денес се покажува дека тоа е лага, потенцира Стоилковски.
Тој додава дека Заев денес не пропушти и да се закани дека МВР на Спасовски, истото она министерство кое што има редица нерасветлени убиства и кое е партнер во криминалот во Република Македонија, ќе санкционирало такви наводни закани за кои што денеска Зоран Заев зборуваше. Заев директно се закани дека Спасовски ќе апси лидер на опозиција. Ова е доказ дека Заев губи контрола. Човек кој што на овој начин се заканува е најдобар показател дека е уплашен човек. Затоа Заев се заканува, затоа дрско лаже.
-Залудно е. Прочитан е. И не му поминува ниту една лага. Ниту една лага и уцена не може да го покрие срамот со промената на името. Ниту една закана и уцена не ја покрива катастрофата и антидржавното однесување на овој човек. Оваа купи – ден политика каде предавствата, понижувањата и криминалот се основните атрибути, ќе биде поразена наскоро, рече Стоилковски.