„Вчеравечер пред Владата се покажа силниот пркос и заеднички отпор на Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, на сите против неспособната и криминогеноста на оваа власт предводена од аболицираниот политичар кој во овие година ипол ја втурна Република Македонија во најмрачното време. Оваа власт креирана за една намена, за национално уништување, и покрај сите сили со секакви понижувања и омаловажувања, не успеа Македонецот да го направи рамнодушен на се’, на сите распродажби на националните интереси, на политичкиот прогон, економско осиромашување, на севкупниот хорор во општеството. Масовноста на протестот на ВМРО-ДПМНЕ на кој што од дното на душата граѓаните бараат оставка на власта, докажува дека рамнодушноста е невозможна, дека народот го препознава злото, рече Стоилковски
Оваа однародена власт, продолжи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, ја затвори демократијата, ги погази правото и правдата, Собранието, достоинството на граѓаните, на пратениците, го злоупотребува сиот безбедносен и правен систем за политички прогон на неистомисленици, на опозицијата.
„Се злоупотребуваат безбедносните институции за фингирани белешки за политички прогон. Цела година луѓе уметници, граѓани, интелектуалци, пратеници од опозицијата се во притвори, брутално приведени кршејќи го сиот систем, заради што реагираше и народниот правобранител, но одговорност за тоа нема. Цела година ипол, убиства, насилства и сурови криминали се случуваат низ улиците, но одговорност за тоа нема. За криминалот и убиствата нема истраги, затоа што службите се присилени да вршат притисок, претреси врз опозицијата, врз ВМРО-ДПМНЕ и нејзините членови и поддржувачи. И на тоа ќе му дојде крајот, битката е отпочната“.
Ве повикуваме, подвлече тој, да се придружите на овој сенароден пркос против омаловажувањето, наметнувањето на рамнодушност кон случувањата заради економската зависност, против економската девастација, економското понижување.
Оваа криминогена власт, тендер – власт, договори во четири очи власт, непотизам – власт, власт без антикорупциска комисија и совет за јавни набавки, власт за политички реваншизам и финансиско осакатување на народот, во моментот бутка нов буџет, трет нивен буџет, во кој повторно нема никаква реално остварлива буква или бројка. Буџет кој нема показател дека ќе го сопре тонењето на Република Македонија, нема ниту 5% раст, нема нови непартиски вработувања, нема нови работни места, инвестиции, нема капитални проекти, патишта, инфраструктура, но има неконтролирано задолжување на државата и пари кои завршуваат во четири очи. Нема ниту воздух, но има нов мебел, возила, апетисани, торти цвеќиња и лубриканти! Република Македонија пркоси и ќе стави крај на девастацијата на државата. Вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот не е завршен. Тој трае и ќе трае и во Скопје и низ градовите во Република Македонија, се додека не го видиме грбот на оваа однародена власт, заклучи Стоилковски