Македонскиот шампион, Вардар по под водство на старо-новиот сопственик Михајло Михајловски полека ги склопува коцките од мозаикот, па така откако беше продолжена верноста со Иван Чупиќ сега стигна информација дека истото е напревно со уште тројца важни играчи-капитенот Стојанче Стоилов, крилото Тимур Дибиров и бекот Кристијан Дисингер.
Секако се очекува официјална потврда од клубот, но информациите велат дека ова е завршена работа што е голема вест за „црвено-црните“. Се останува да се види што ќе се случи со големиот борец Глеб Калараш и дали тој ќе остане во Скопје.
Вардар за следната кампања ќе го има репрезентативец Борко Ристовски, а досега ангажирани се и Томислав Јагуриновски и Дмитри Санталов кој од поодамна се има договорено со актуелниот европски првак.