Стојановски: Општина Илинден нема долгови

Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски во денешното гостување на Телма телевизија истакна дека во однос на распределбата на средства од страна на централната власт, општината Илинден нема никакви долгови и средствата кои се добиени се по основ на пријавени обврски.

Тој вели дека целта треба да биде општините да излезат од криза, особено оние посериозно задолжените.

„Сега треба општините да добијат поддршка од Владата за да се изедначи поддршката од централната власт во делот на инвестиции кои се потребни, за капитални проекти кои општините не можат да ги направат сами.Треба да се даде поддршка за средства, пример за бизнис секторот, кој креира работни места и се намалува невработеноста. Младите ќе ги задржиме единствено со добри квалитетни работни услови во близина на местата на живеење, вели Стојановски.