Институциите што се формирани по ослободувањето на Македонија по формирањето на македонската државност, систематски на многу научници на многу ресурси се дадени да се направат книги, да се направат овие дела кои ги имаме и сега во ова најкомплексно време да се молчи, рече проф.др. Александар Стојчев.
„Да молчи МАНУ, да молчи институт за национална историја, да молчат други национални инстититуции со презнак македонски е навистина изненадувачки, на некој начин понижувачки, потценувачко во однос на сите генерации македонци. Но не само Македонци по етничка линија. туку и други припадници на народи и вери кои се вградени во Македонија како во држава да молчат, да се оградуваат дека не е нивна работа да се вмешуваат во дневнополитички теми“, рече Стојчев.
Стојчев вели дека ни тој не е политичар, и не се занимава со политика, но како историчар, човек кој што докторирал, магистрирал во држава Република Македонија, во еден глобален свет во денешно време во кој што живееме така молчешки да се откажуваме од нешто што е исконско, наше според него навистина е навредливо, и е за секоја осуда.
„Треба да бидеме мудри. Да не одиме на туѓ терен. На свој терен да ги навлекуваме, а не одиме во Атина. Се истрча Димитров и што направи. Удри во ѕид. Се истрча Заев во Бугарија, оди му пеат Бугарите, даваат дефиниција нова за нашите во МАНУ академици, како биле поткупливи, или како со пари ќе не купеле, епа не одлучуваат академиците. Ние граѓаните одлучуваме. Значи работите да се одлучуваат овде во Скопје во Македонија, од македонски политичари кои имаат р’бет“, рече Сотир Костов.