Денеска на народниот собир пред Собранието на Република Македонија пред граѓаните се обрати уметникот Стефан Стојковски, тој кажа дека тој не е политичар, туку народен уметник, Македонец кој си ја сака роданата Македонија.
-Почитувани граѓани за заедничка Македонија чест е тука да се застане и да се кажат неколку зборови. Ние уметниците имаме што да кажеме со нашите дела. Јас не сум политичар, јас сум народен уметник, Македонец кој си ја сака родната Македонија. Јас како и секој уметник се трудам да создадам уметнички дела по кои ќе ме паметат следните генерации. Ние уметниците еден ден ќе заминеме, но нашите дела ќе сведочат, кои сме биле и што сме сработиле во животот, нашите дела ќе останат вечно зад нас. Нашите предци во аманет ни оставија да ја чуваме Македонија, да го чуваме македонскиот јазик, да ја пренесеме фолклорната традиција, изјави Стојковски.
Тој ги повика повика сите граѓани на Република Македонија да покажат почит, љубов и смирение, да го слушнат благовестивиот глас на нивните срца, да има мир во нивните души, да се молат за радост и благосостојба на секој кој што чува, брани и сака Република Македонија.
-Секој чесен граѓанин кој ја сака Република Македонија, кој сака заеднички живот на сите граѓани,кој има човечност должен е со својата свест, достоинство, душа и тело, да го брани интегритетот и суверенитетот на Република Македонија, да го почитува Уставот, знамето, химната и грбот на Република Македонија. Со божја помош, сила и волја ги повикувам сите Македонци за сплотеност, единство и обединетост, така ќе бидеме посилни и така Бог ќе биде секогаш со нас. Ги повикувам сите граѓани на Република Македонија, да покажеме почит, љубов и смирение, да чуеме благовестивиот глас на нашите срца, да имаме мир во нашите души, да се молиме за радост и благосостојба на секој кој што чува, брани и сака Република Македонија, изјави Стојковски.