Столтенберг: Ако победи Русија, ќе биде лошо за сите

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека победата на Русија би била лоша за сите во Европа и Северна Америка, бидејќи ќе испрати порака до авторитарните лидери дека сите цели можат да се постигнат со употреба на сила.

Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, Столтенберг во ексклузивно интервју за американскиот весник „Политико“ посочи дека успесите на Киев на бојното поле не би биле можни без поддршката на НАТО.

Тој е убеден дека Вашингтон ќе продолжи да испраќа воена и финансиска помош за Киев бидејќи победата на Путин во Украина исто така би била катастрофа за Украинците.

Пентагон планира да и испрати на Украина нов пакет оружје и друга помош во вредност од 275 милиони долари, соопштија неименувани американски претставници, пренесе АП.

Вашингтон од почетокот на војната со Русија на 24 февруари испорача оружје и друга опрема во вредност од речиси 18 милијарди долари, вклучително и нови 275 милиони долари.