
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбрег, изјави во неделата дека Украина може да очекува нови пратки тешко вооружување од своите западни сојузници во војната против Русија во „скора иднина“.
„Неодамнешните ветувања за снабдување со тешко вооружување се важни, и јас очекувам повеќе во блиска иднина“, изјави Столтенберг за германскиот весник Handelsblatt.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг кој првпат беше продолжен во март 2019 година до крајот на септември 2022 година, но по почетокот на руската инвазија во Украина кон крајот на ланскиот февруари беше дополнително продолжен, споменатата изјава ја даде во пресрет на состанокот на земјите од ткн колективен Запад кои го снабдуваат Киев со оружје кој треба да одржа на 20-ти јануари во американската воено-воздухопловна база Рамштајн во Германија.
„Се наоѓаме во решавачка фаза од војната. Важно е да ја снабдиме Украина со оружје коешто ѝ е потребно за да победи“, додаде Столтенберг кои и претходно во своите изјави истакнуваше дека е многу важно во војната Русија да биде поразена честопати алудирајќи и на самото ангажирање на Алијансата.
Западните земји кои изминатите осум години, по превратот во Киев во март 2014 година работеа на реорганизирање, обука и снабдување на украинската војска, во почетокот се воздржуваа од испраќање од тешко вооружување во Украина. Тоа го оправдуваа со стравот од нивно вовлекување во војната и провоцирање на Русија на ескалација на борбените дејствија, а подоцна и со испразнетост на сопствените залихи оружја.
Но постепено распонот на оружје коешто се доставува во Украина се прошири, во прв ред со противвоздушни и противтенковски ракетни системи, повеќецевни ракетни системи со долг дострел, беспилотни летала, борбени авиони и хеликоптери од западните земји кое потекнуваше од советскиот и постсоветскиот период.
На почетокот од јануари САД, Франција и Германија ветија дека на Киев ќе му испорачаат оклопни возила или извидувачки тенкови: 50 американски „Bradley“, 40 германски Marderd и неодредено количество „AMX-10 RC“. Велика Британија најави дека ќе испорача 12 тенкови од типот „Challenger 2“, а од Германија најавија претходно во неделата дека тешките борбени тенкови „Leopard 2“ би можело да му бидат предадени на Киев дури во 2024 година.
Москва по овие најави повтори дека тие одлуки само ќе придонесат за ескалирање и продолжување на војната, и оцени дека Западот веќе воопшто не се крие дека отворено е во војна со Русија преку Украина. Воените аналитичари, пак, барањата од Киев за големи количества тенкови и авиони навестува дека нејзините количества од ваков тип веќе се уништени.
Според Столтенберг, пак, рускиот претседател Владимир Путин направил грешка со нападот врз Украина.
„Ја прецени силата на своите вооружени сили. Ги гледаме нивните погрешни чекори, недостиг од морал, проблеми со командувањето, нивната лоша опрема. Но Русите покажаа дека се подготвени да поднесат тешки загуби за да ја постигнат својата цел“, тврди Столтенберг.
Столтенберг во истото интервју за Handelsblatt вели и дека „не доаѓа предвид“ нормализирањето на односите на НАТО и Русија по завршувањето на војната во Украина.
„Нема да биде како порано. Дури и доколку замолкне оружјето во Украина не треба да очекуваме дека нашите односи со Русија ќе се нормализираат“, вели Столтенберг.
Претходно во четвртокот на конференција во неговата родна Норвешка, Столтенберг во истиот контекст истакна дека без оглед на тоа како ќе заврши војната во Украина, мора да се каже дека „безбедносната ситуација во Европа е целосно променета“.
Челникот на НАТО притоа ја обвини Русија дека сака „да ги контролира соседните земји“, со што според Столтенберг ја става Москва „во позиција на постојан конфликт“ со Западот.
Официјалните средби на Советот НАТО-Русија беа прекинати од страна на Алијансата по кусата војна во 2008 година меѓу Русија и Грузија, но во март 2009 година НАТО реши да ја обнови соработката со Москва. Поради непомирливите ставови, Русија во 2014 година се повлече од Советот НАТО-Русија, обвинувајќи ја Алијансата дека не се придржува до договорот за неширење кон руските граници, а беа одржувани слаби контакти. Советот Русија-НАТО е воспоставен во 2002 година и служи како форум за консултации за безбедносните прашања и практична соработка во цела низа прашања.