Руската војна во Украина влегува во критична фаза благодарејќи на противофанзивата на Киев, тврдеше во петокот генералниот секретар на НАТО. Јенс Столтенберг.
„Украинските сили успеаја да ја запрат офанзивата на Москва во Донбас, да нападнат зад руските линии повторно да заземат територија. Само во текот на неколкуте изминати денови видовме натамошен напредок и на југ во Херсон и на исток во регионот Харков“, рече Столтенберг во текот на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Столтенберг рече дека тоа ја покажува „храброста, вештината и решителната украинските сили. И покажува дека нашата поддршка секојдневно прави разлика на боиштето“.
Според него, солидарноста на Западот сега да попушти, и покрај енергетската криза и растечките трошоци за животот, што веќе предизвикува масовни протести во Европа.
„Но цената којашто ние ја плаќаме се мери во пари, додека цената којашто ја плаќаат Украинците се мери во животи. И сите бие ќе платиме многу поголема цена доколку Русија и другите авторитарни режими видат дека нивната агресија се наградува“, рече Столтенберг.
„Доколку Русија престане да се бори, ќе има мир. Доколку Украина престане да се бори, ќе престанат да постојат како независна нација. Така што мораме да продолжиме… поради Украина и поради нас“, заклучи челникот на НАТО.