
Ако референдумот биде успешен во Македонија, уверен сум дека двете земји ќе го имплементираат договорот. Ако договорот помине на референдумот во Македонија, но не биде имплементиран во Грција со тоа би се довел во опасност нејзиниот национален кредибилитет, изјави за грчката телевизија „Скај“, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Најпрво, јас сум целосно уверен дека доколку се гласа „ЗА“ на референдумот во ФИРОМ, договорот ќе се имплементира.Тоа беше истакнато на сите мои политички средби во Скопје. Се разбира ова е демократски процес во две земји, НАТО не може да присили некоја земја да направи нешто што не сака, но уверен сум дека договорот ќе се имплементира во двете земји, бидејќи е суштински за националниот кредибилитет кога една земја потпишува договор, а другата страна го исполнува, тогаш двете земји ќе го исполнат договорот. Сѐ друго сериозно би го поткопало националниот кредибилитет на било која од земјите, изјави Столтенберг.