Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази во вторникот жалење поради одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да се суспендира учеството на Русија во договорот за новиот договор за контрола на нуклеарното оружје Нов СТАРТ кој САД не го обновија во 2021 година.
Договорот Нов или СТАРТ-3, потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на суперсилитe Барак Обама и Дмитриј Медведев, истече во јануари 2021 година а според клаузулата автоматски е продолжен до 2026 година. Вашингтон досега јасно не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека пред три години се повлече од него, но навестува дека сака да разговара за негово продолжување, а се повлече и од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел, како и од мултинационалниот Договор отворен небо за меѓусебни воздушни инспекции на воените капацитети на земјите потписнички. Москва, пак, претходните години во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор, но особено откако Вашингтон од доаѓањето на власт на претседателот Џо Бајден во 2021 година воено застана зад Киев, веќе „не гледа смисла“ за такви разговори.
Последниот нуклеарен договор меѓу САД и Русија, ткн Новиот START-3 е договор кој Москва и Вашингтон го потпишаа во 2010 година. Според него, двете земји се договорија оперативните носечки системи за нуклеарно оружје како ракети, бомби и подморници да ги намалат на по 700, а исто така предвидува и лимитирање на по околу 1.550 боеви глави, додека вкупно ракетни лансери не смеат да бидат повеќе од 800. Договорот беше на сила до 5-ти февруари 2021 година, по што автоматски според договореното можеше да биде и продолжен, но не подолго од пет години, со согласност од двете страни.
Рускиот претседател Владимир Путин во јануари 2021 година, еднострано го продолжи на пет години до 2026 година. Досега, според договорот, Москва и Вашингтон имаа право да извршат дваесеттина меѓусебни инспекции годишно.
„Жалам поради одлуката којашто денеска ја објави Русија да го суспендира учеството во договорот Нов СТАРT“, рече дека Столтенберг на заедничката прес-конференција во Брисел со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел одржана набрзо по објавата од Москва, пренесува AFP.
Како што пренесува агенцијата Reuters, Столтернбер пред новинарите рекол дека Русија е агресор во Украина и повторил дека „Путин не смее да победи“.
„Претседателот Путин е тој кој ја започна оваа империјална освојувачка војна… Како што Путин денеска јасно даде на знаење, тој се подготвува за уште војување… Путин не смее да победи… Тоа би било опасно за нашата сопствена безбедност и за целиот свет… Ја повикувам Русија да размисли за својата одлука… Повеќе нуклеарно оружје, а помалку контрола на вооружувањето го прави светот поопасен“, истакнал Стплтенберг без да го спомене учеството на САД во конкретниот договор.
Во Брисел се особено вознемирени од повикот на Путин до руските власти да бидат „подготвени“ на нуклеарни проби“ доколку САД тоа први го сторат.
„Тоа е уште еден доказ дека Русија е таа што го урива системот за безбедност изграден по Втората светска војна“, толкувал високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика. Жозеп Борел, очигледно алудирајќи на токму на делот од говорот на Путин во кој го обвини Западот дека ги прекршил сите меѓународни безбедносни договори од Јалта до Потсдам, вклучително и договорите за контрола на вооружувањето.
Столтенберг рекол и дека е „сѐ повеќе загрижен“ поради можната воена поддршка на Кина на Русија во офанзивата во Украина, којашто Киев и Брисел ја најавуваат.
„Сѐ повеќе сме загрижени дека Кина би можела да го разгледа пружањето смртоносна воена помош на руската војна“, го цитира AFP челникот на НАТО.
Борел, пак, тврдел дека кинескиот шеф на дипломатијата Ванг Ји му рекол дека Кина не ја снабдува со оружје Русија и дека тоа нема намера да го прави.
„Мораме да останеме претпазливи, но колку што јас знам нема докази дека Кина го сторила она што вели дека не го прави“, истакнал Борел.
Столтеберг ги отфрлил наводите на Путин дека заканите од НАТО предводени од САД и нивното одбивање на потпишување договор во декември 2021 година со кој ќе се отстрани безбедносната загриженост на Москва и создавањето на Украина како „антируска“ земја заедно со разгорувањето на милитаризмот се причини за војната.
„Никој не ја напаѓа Русија. Русија е агресор. Украина е жртва“, рекол Столтенберг.