Стопанството разочарано: Владините мерки се недоволни и неупотребливи

Вториот пакет мерки кои што денеска ги презентираше премиерот Оливер Спасовски се недоволни и неупотребливи, ценат голем дел од стопанствениците кои бараа мерки со цел да се ублажат последиците од пандемијата од коронавирусот и да се спаси македонската економија.

Сојузот на стопански комори по презентацијата на владините мерки од страната на премиерот Оливер Спасовски објави дека се оградува од мерките од вториот владин сет со појаснување дека нивното барање било системски мерки за сите засегнати компании без оглед на дејноста.

„Наместо тоа со оваа делумна помош не се постигнува крајната цел, а тоа е да се сочува економијата и да се задржат работните лица особено за оние правни лица кои се најмали и незаштитени и на кои овие потреси ќе им го уништат целиот труд да се самовработат и да си ги издржуваат семејствата. Би сакале да потенцираме дека воведување на системски мерки беше важно и тоа во економски пакет од страна на Владата по примерот на многу држави кои реално и вистински би ја подржале економската стабилност и работењето на домашните компании“, велат од Сојузот на стопански комори.

 

Тие предлагаа владата да одобри поддршка од 100 отсто не нето платите за следните три месеци, во истиот период да бидат покриени сите даноци и придонеси на платите и низа други мерки. Од ССК додаваат дека поради тоа што владата доцни со економските мерки дел од компаниите беа принудени да отпуштат дел од вработените.  Од Коморат на компаниите им препорачуваат секоја да си превземе индивидуално деловно планирање за спас и опстојување.

Владините мерки за стопанството наидoa на критика и кај опозицијата. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека оваа помош е далеку од доволна и задоцнета.

Мицкоски на конференција изрази сериозна загриженост за пакетот мерки за стопанството за помош од последниците на пандемијата со коронавирусот, оценувајќи дека со него кризата ќе се продлабочи.

„Целиот пакет не е вистински и не е доволна помош, рече Мицкоски, кој направи споредба со помошта што соседните земји ги нудат на нивната економија.

Тој анализираше дел од мерките на Владата, но исто така и најави дека тие преку нивните претставници во Владата ќе достават предлог мерки и ќе бараат тие да бидат дебатирани и прифатени.