![Capture 1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/Capture-1-2.jpg?resize=696%2C429&ssl=1)
Околу 650 тела на лица кои пролетва во текот на избувнувањето на пандемијата на коронавирусот во Њујорк, сѐ уште се чуваат во мобилни мртовечници-ладилници на крајбрежјето во Бруклин, пишува весникот The Wall Street Journal.
Њујорк беше жариштето на првиот бран на коронавирусот во САД, каде во најлошите денови беа бележени и повеќе од 700 смртни исходи дневно а повеќе од 3.000 луѓе беа хоспитализирани со заразата. Поради растоварувањето на болничките мртовечници, градските власти ангажираа ладилници во кои ги чуваа привремено телата на починатите.
Според весникот, кој се повикува на канцеларијата на шефот на одделот за судска медицина на Њујорк, многу тела сѐ уште не се погребани, бидејќи или роднините на починатите сѐ уште не се пронајдени, или тие не можат да ги платат погребните трошоци.
„Околу 650 тела се чуваат во камиони во привремената мртовечница којашто беше поставена во април на 39-та улица во Сансет-парк, во областа на Бруклин“, пишува весникот.
Според податоците на канцеларијата на судската медицина, роднините на околу 230 од починатите сѐ уште не се пронајдени, често починатите жевееле сами одвоени од семејствата, а податоците за роднините се застарени или неточни. Кога биле контактирани најблиските роднини, во повеќето случаи телата не биле собрани од финансиски причини.
Според претставниците на агенциите за погребални услуги во Њујорк, епидмијата на коронавирусот не била само тест за здравствениот систем, туку и за овој сектор. Поради големиот број смртни случаи на дневно ниво, се јавил недостиг од ковчези,а за кремирање на останките морало да се чека и по еден месец.
Притоа, се истакнува дека погребалните услуги во Њујор се многу скапи. Се наведува податокот дека гробно место на Вашингтонските гробишта во центарот на Бруклин чини 20.000 долари, а на гробиштата кои се во опсегот на јавниот превоз од 8.000 долари, а релатнивно поевтино од 5.000 долари е само во обласата Лонг Ајленд. Покрај тоа, самото копање на гробот се движи од 1.500 до 2.000, а на некои гробишта може да достигне и до 2.500 долари.
Од почетокот на пандемијата, во Њујорк се потведени 19.537 смртни случаи кои се поврзуваат со заразата со коронвирусот. Според градскиот оддел на минисерството за здравство, уште во 4.669 случаи болеста Covid-19 и компликациите од неа може да бидат причина за смртта, но присуство на коронавирусот не било потврдено со лабораториските анализи.