Најмалку 168 лица загинаа, а над 745 се повредени минатата ноќ при налет на цунами во крајбрежните области меѓу индонезиските осторви Суматра и Јава, предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау.
Како што соопшти утрово портпаролот на индонезиската Агенција за справување со елементарни непогоди, Сутопо Пурво Нигрохо, најтешко е погодена провинцијата Бантен, каде загинале најмалку 126 лица.
Тој нагласи дека се стравува оти билансот на жртвите може да биде и поголем, бидејќи властите се уште немаат податоци од сите погодени реони.
Нигрохо информираа дека при налетот на цунамито се разрушени стотици домови и други објекти.
Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика апелираше до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде на сила до 25 декември.
Ве молиме да не се приближувате до плажите. Оние кои се евакуирани се молат се уште да не се враќаат дома, соопшти Агенцијата.
Цунамито откорнало и голем број дрва кои ги блокираа патиштата, што го отежува пристапот на спасувачките екипи до настраданите.