Вооружени напаѓачи убиле околу стотина цивили во ноќен напад врз село во северниот дел на Буркина Фасо, соопшти во саботата тамошната влада.
Напад се случич во текот на ноќта во петокот, а убиените се жители на селото Слхан во провинцијата Јага, која е на самата граница со Нигер. Напаѓачите запалиле неколку домови, како и локалниот пазар, се додава во валдинито соопштение.
Властите за нападите ги обвинуваат милитантните групации коишто ги нарекува терористички, но досега ниедна од таквите формации кои се активни во областа не ја презема одговорноста за масакрот.
Во Брукина Фасо е прогласена тридневна нацинална жалост, а во официјалните соопштенија се наведува дека бројот на жртвите е 100 луѓе.
Полупустинската област позната како Сахел е сцена на бунтот поради кој се раселени речиси три милиона луѓе, откако џихадистичките милитанти зазедоа голем мделови од северен Мали во 2012 и 2013 година и се заканија со заземање на главниот град. Франција и другите западни сојузнички земји распоредија свои трупи во регионот, но иако имаа успех во потиснувањето на милитантите, не успеаја да стават крај на бунтот.
Нападите на џихадистичките групи поврзани со тероритичките мрежи Ал Каеда и Исламска држава во западноафриканскиот супсахарски регион Сахел остро пораснаа од почетокот на оваа година, особено во Буркина Фасо, Мали и Нигер, а најмногу на удар е цивилното население.
Поради насилството во Буркина Фасо раселени се повеќе од 1.14 милиони луѓе во последните две години, додека оваа сиромашна земја често погаѓана од тешки суши стана и засолниште за околу 20.000 бегалци од соседно Мали, кои бараат сигурност од нападите на џихадистите кои напаѓаат и од таа страна на границата.