Повеќе од стотина мафијаши, членови на калабриската мафина Н’драгета, побарале и примале социјална помош наменета за најсиромашните Италијанци, која сега ќе мора да ја вратат, соопшти во средата италијанската полиција.
Меѓу 101 мафијаш примател на социјална помош има и многу богати, блиски на „кумовите“ на Н’драгета, кои имаат висока хиерархиска должност во криминалната организација, според соопштението на полицијата на Калабрија.
Меѓу корисниците на ваквата помош бил и Алесандро Панунци, син на „италијанскиот Пабло Ескобар“, Роберто Панунци, се истакнува во соопштението.
Роберто Панунци „италијкансктие и американските иследници едногласно го сметаат за најважен светски ‘брокер’ на кокаинот, кој се фали дека ‘не ги брои парите, туку ги мери на вага’“, се додава во соопштението.
Алесандро Панинци е сопруг на ќерката на еден од главните колумбиски производители на кокаинот, прецизира италијанската полиција.
Со истрагата биле опфатени повеќе од 500 осомничени, но само стотина ќе мора да ги вратат незаконски присвоените суми, од вкупно 516.000 евра.
Инаку, за споменатиот вид социјална помош сумата изнесува 780 евра месечно.