Лидерот на партијата за слобода на Австрија Хајнц – Кристијан Штрахе тврди дека бомбашите од Париз пред терористичките акции во француската престолнина престојувале во Виена, каде се опремиле за нападот, пренесува „Танјуг“.
Тој тврди дека поседува информации дека двајца терористи од Париз детално ги испланирале нападите додека престојувале о Виена. Двајца терористи што се убиени, неколку дена пред нападот во Париз, живееле во еден стан во Виена.
Тие, како што тврди австриската партија во една аптека во Виена купиле поголемо количество сретство за уништување на троскот, што може да се користи и за произвиодство на експлозиви. Аптекарите за оваа купопродажба веднаш пријавиле во полиција.
Според информациите на партијата, по ова терористите биле под надзор на полицијата, а истовремено биле прислушувани и нивните телефони.
Министерството за внатрешни работи на Австрија потврди за виенскиот весник „Естерајх“ дека постои пријава од аптекарите од 10-иот виенски округ, како и дека имало надзор на купувачите, но велат дека нема никаква поврзаност со атентатите во Париз.
Сомнежот за терористичките акции на лицата што биле под надзор сеуште не е потврдена и нема назнаки дека се работело за двајца терористи убиени во Париз, тврди Министерството.
Штрахе за истиот весник тврди дека постојат конкретни докази дека двајца терористи живееле во Виена, неколку дена пред атентатите во Париз и дека истите имале контакт со радикални исламистички структури.