Странски државјанин пријавил двајца полицајци за примање поткуп

Внатрешната контрола при МВР повела постапка за санкционирање на двајца полициски службеници по пријава за примање поткуп од странски државјанин.

Според информациите од МВР, на четврти април, годинава, двајцата униформирани полицајци С.С и С.А. од Скопје, кои според распоредот на работа во период од 22 часот до 06 часот утрината имале точно предвидени рути за движење и снимање на сообраќајни прекршоци, излегле од предвидените рути, го исклучиле системот за снимање и вршеле дејствија без истите да бидат снимани.

Именуваните полициски службеници постапиле спротивно на наредбата за користење на системот за снимање, а им се става на товар и пријава за примање на поткуп, поднесена од еден странски државјанин.