Киел Декер, агентот на холандскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Кевин Стротман, потврди дека неговиот клиент важи за голема желба на новиот менаџер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал.
„Точно дека Кевин е голема желба на Луи ван Гал, но не е остварен никаков контакт откако Ван Гал е именуван за нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Можно е да има интерес во блиската иднина, но Кевин имаше фантастична сезона како фудбалер на Рома. Се што знам е дека челниците на Рома не се заинтересирани за некаква продажба, а мојот клиент ќе се врати на фудбалскиот терен на стартот од новата сезона. Челниците на Рома беа покрај него кога ја заработи тешката повреда и многу му помогнаа во изминатиот период. Се е во рацете на двата клуба, прво тие да најдат заеднички јазик, но Кевин е среќен во Рим, сака да остане на “Олимпико”, сака да игра во Лигата на шампиони”, изјави агентот на одличниот играч за врска.