Струја за 100 000 македонски домаќинства со инвестицијата од „Алказар енерџи“

Од македонскиот ветер, инвестиција во енергетиката за повеќе пари во македонскиот буџет. Ветив работа за народот и тоа го остваруваме, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.

„Денес објава на инвестиција од Алказар енерџи, oд околу 450 милиони евра за целосна енергетска независност на Македонија.

Струја за 100 000 македонски домаќинства од овие ветерници.

55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови.

Приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава.

Нови 630 вработувања.

Најголемата инвестиција во сегментот на парк со ветерници.

Инвестиции за подобар животен стандард. За тебе! #ПОЧНУВАМЕ“, порача Мицкоски.