Струјата ќе поскапe за над десет отсто, проценува Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција прес партиското седиште вп саботата процени дека покрај досегашните 30 отсто, од први јули годинава јули граѓаните ќе плаќаат за повеќе од 10 отсто поскапа струја.

Како причина за тоа ги наведе тоа што багерите на РЕК Битола не ископуваат јаглен поради поплава, цената на уличното осветлување и помалото производство на електрична енергија.

„Главната и суштинска работа зошто го споменувам уличното осветлување е вчера лиферуваниот податок дека општините преку уличното осветлување потрошиле 30 милиони денари“, рече Мицкоски  додавајќи дека тоа е 1,32 проценти од вкупно потрошената струја за 2021 година.

Математички, според него, е невозможно струјата да поскапе 10 отсто, ако само уделот на јавното осветлување е десетократно помал.

„Е сега каде се парите? Од истиот тој извештај на Регулаторната комисија за 2021 година можете да забележите дека во 2021 година се произведени од страна на ЕЛЕМ 3,17 тераватчасови електрична енергија, а само две две години претходно во 2019 година 4,25 тераватчасови електрична енергија. Што значи ЕЛЕМ наместо да произведува односно на тие што го водат приоритет им се договори во четири очи“, нагласи Мицкоски.

Разликата во пари во производството на струја, според него, изнесува 250 милиони евра.

Решението на ВМРО-ДПМНЕ за проблемот со зголемување на сметките за електричната енергија е земјата да се врати на производството на струја од 2019 година.

„Да се вратиме најмалку од производството од 2019 година и тоа ќе го направиме за шест месеци. Ова денеска што се случува е минус 250 милиони евра“, вели Мицковски.