Ова се совети на врвните светски стручњаци, што да направите за да ги распламтите страстите и да добиете врел секс.
Заборавете на кино и вечера. Запишете се заедно на курс за танцување. Ако мислите дека имате две леви нозе, запишете нешто друго, на пример курс за готвење. Одберете некоја активност која ќе го ангажира вашиот мозок, но и тело. Стручњаците откриваат дека двојките кои се лудо вљубени и по две децении брак имаат иста невролошка активност како и оние двојки кои допрва што се вљубиле.Научниците веруваат дека оние двојки кои долго се во брак, а ја покажуваат оваа мозочна активност, испуштаат допамин, супстанца која предизвикува добро расположение.
Можеби жените тешко сфаќаат кога е вистинско време за секс. Истражувачите откриле дека жените се во состојба да се возбудат како и мажите, кога ќе видат експлицитна провокативна содржина. Што се однесува на ментално расположение за секс, тука работите се поразлични.
Што повеќе разновидни работи кои ги правите во кревет, толку ви се поголеми шансите за оргазам. Ако водите љубов на ист начин, околу 50 отсто од жените доживуваат оргазам. Но, ако двојката во кревет ги проба овие три активности, класичен оргазам, рачна стимулација и орална стимулација-тогаш жените имаат двојно поголеми шанси да доживеат врв.