Жител на струшкото село Короишта во средата вечерта, откако му било соопштено дека е раскината свршувачката со несудената невеста која живеела во Шведска, ги нападнал неа и нејзиното семејството, инфорираше во четвртокот Министерството за внатрешни работи.
Вчера околу 19 часот, во Струга, на улицата „Маркс и Енгелс“, 26-годишниот А.И. од Корошита, кој бил поранешен свршеник на неговата врсничка А.Ш. од Шведска, лице со хендикеп на десна рака, откако ја раскинале свршувачката, со намера да ги врати облеката и златниот накит, отишол во зградата во која престојува несудената невеста со семејството и откако видел дека влезната врата од зградата била затворена, насилно ја отворил, влегол во станот и физички ги нападнал и А.Ш. и нејзинито семејство, и тоа сестрата 18-годишната А.Ш., татко и нејзините татко и мајка, идентификувани во полицискиот билтен со иницијалите Ф.Ш. и мајка и Н.Ш.
Во еден момент во станот пристигнал и братот на А.И., 31-годишниот Љ.И. и двајцата повторно ги нападнале присутните, а во намерата биле спречени од страна на Ж.М. кој престојувал во истата зграда.
Потоа насилството продолжило и пред самата зграда каде сторителите со тупаници го нападнале семејството, при што Н.Ш. паднала во бесознание.
Таа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Медицински центар Струга, каде ѝ е укажана лекарска помош и е задржана за понатамошно лекување, додека Ф.Ш. се здобил со телесни повреди.