Уште првата доза од вакцината против Covid-19, која ја разви американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ е ефикасна 85 отсто, меѓу втората и четвртата седмица по вакцинирањето, според израелското истражување објавено во списанието Lancet medical journal.
Студијата биле спроведена меѓу здравствените работници во најголемата болница во Израел кој на 19-ти декември го започна масовното вакцинирање што е оценето како најбрзата имунизација на светот. Израелските студии досега покажале дека вакцината на „Pfizer/BioNTech“ 95 отсто е ефикасна една седмица по втората доза.
Сегашното истражување, чиешто истражување се објавено во Lancet medical journal, опфатило повеќе од 9.000 здравствени работници во болницата „Шеба“ во близина на Тел Авив.
Околу 7.000 испитаници примиле една доза, а другите не биле вакцинирани. Кај 170 испитаници поставена е дијагнозата за Covid-19 по тестирањето само на оние на коишто покажувале симптоми или биле во контакт со заразени лица. Од нив 52 отсто не биле вакцинирани.
Споредувајќи ги двете групи, вакцинираните и невакцинираните, студијата во болницата „Шеба“ покажала дека вакцината 47 отсто е ефикасна меѓу првиот и 14-от ден по вакцинирањето, што пораснало на 85 отсто по 15-от до 28-от ден,
„Она што го гледаме е многу висока ефикасност веќе по две седмици. По две седмици па до четвртата седмица од вакцинирањето се гледа веќе висока ефикасност од 85 отсто на намалување на сиптоматските инфекции“, вели Гили Регев-Јошај, коавтор на студијата.
И покрај тоа што вакцината е „восхитувачки ефикасна“, научниците сѐ уште проучуваат дали вакцинираните лица можат и натаму да бидат носители на вирусот.
„Тое е големо, големо прашање. Работиме на тоа. Се надевам дека наското ќе имае некои добри вести“, вели Регев-Јошај.
Израел со вакцината на „Pfizer/BioNTech“ вакцинирал 4,23 милиони луѓе, односно 47 отсто од населението, а 2,85 милиони веќе ја добиле и втората доза од вакцината.