Денеска грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас треба да ги информира своите колеги од Еврогрупата како Владата во Атина планира да исполни голем дел од препораките на Организацијата за економска соработка и развој, во врска со подобрувањето на конкурентноста на земјата, пишува весникот „Катимерини“.
Се очекува за време на средбата Стурнарас да биде подложен на силен притисок, бидејќи последната ревизија на програма за опоравување на Грција се’ уште не е завршена. Минатата недела меѓународните кредитори изјавија дека Атина треба да состави мерки по предлозите на Организацијата, пред ревизијата на биде завршена.
Во ноември Организацијата направи листа со 555 фактори кои ја ограничуваат конкурентноста на Грција и формулира 329 препораки за законски измени во оваа област.