Фудбалерите на Штутгарт ги намалија шансите за бегство од дното на Бундеслигата, откако во премиернот меч од 23-то коло во петокот вечерта одиграа само 1:1 на гостувањето кај Вердер во Бремен.
Штутгарт, кој се наоѓа во опасната зона поведе уште во втората минута со голот на Стефен Цубер со шут од далечина, но Вердер израмни во 45 минута со погодокот на Дави Клаасен.
Фудбалерите на Штутгарт настојуваа да постигнат погодок и создадоа во продолжението неколку добри шанси, но беа запрени од одличните интервенции на домашниот голман Јири Павленка. Но и Бремен имаше добри можности да ги освои трите бода.
Вердер се обидува да влезе во горната половина на табелата, моментално се на деветото место со 32 бода. Штутгарт, пак, е 16-ти со исто толку бодови, на позицијата која води во плеј-офот за опстанок во лигата, два бода повеќе од претпоследниот Хановер и три од последниот Нирнбер, позиции кои директно водат во понизок ранг.
Во сабота на распоредот се мечевите: Фрајбург – Аугсбург, Баерн – Херта, Борусија Менхенгладбах – Волфсбург, Мајнц – Шалке 04 и Фортуна – Нирнберг, а во недела играат Хановер – Ајнтрахт, Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен. Колото завршува во понеделник со дуелот меѓу РБ Лајпциг и Хофенхајм.