Шпанската тенисерка, Карла Суарес Наваро ја победи Русинката Марија Шарапова во осминафиналето на УС Опен со резултат 2:0, по сетови 6:4 и 6:3 по еден и пол час игра.
Првиот сет беше преполн со брејкови, па Шарапова загуби дури два свои сервиси и губеше со 4:1. Веднаш надомести еден брејк, за да потоа пак го загуби сервисот за 5:2 за Наваро. Шпанката не беше убедлива на сервисот па Русинката стигна на 5:4, но Суарес ја задржи предноста и дојде до водство од 1:0.
И вториот сет почна со брејк од двете страни за да Русинката го изгуби петтиот гем, па Суарес поведе со 3:2, а до крајот на натпреварот прави уште еден брејк и го добива вториот сет со 6:3.
За Суарес ова е прво четвртфинале на УС Опен уште од 2013 година, а го ибори на својот 30 роденден. Ривал на Шпанката во следниот натпревар е Американката Медисон Кис, која вчера убедливо ја победи Словакињата Доминика Чибулкова со 2:0 (6:1 и 6:3).