Суд отфрли тужба на Трамп против Клинтон

Американски суд ја одбил тужбата на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп против неговата демократска противкандидатка Хилари Клинтон на претседателските избори во 2016 година, образложувајќи ја тужбата дека демократите сакале да ги лажираат изборите поврзувајќи ја неговата кампања со наводни врски со Русија е „обид за расфрлање со политички тврдења кои не му припаѓаат на судот“.

Отфрлајќи ја тужбата на Трамп во четвртокот вечерта по локално време, судијата на окружниот суд на јужниот округ на сојузната држава на Флорида, Доналд Мидлебрукс, изјавив дека со тужбата „не се бара задоволување за какви и да е правна штета“ и дека судот „не е соодветниот форум“ за забелешките на поранешниот претседател.

„Тој сака да се расфрла со политички манифест на 200 страници изнесувајќи тужби против оние кои му се противеле“, вело судијата Мидлбрукс во пресудата.

Трамп во март ја обвини Клинтон, и неколку нејзини соработници од Демократската партија, за „рекетирање“, „заговор за правење штетни лаги“ и други обвинувања во тужбата на 108 страници, повторувајќи го долгиот список забелешки кои повеќепати ги изнесуваше преку медиумите во текот на четиригодишниот претседателски мандат.

Бараше надомест и кривична отштета велејќи дека потрошил 24 милиони долари за „трошоци за одбраната, правните недоместоци со тоа поврзаните трошоци“.

Судијата Мидлбрукс во пресудата навел дека Трамп „предолго чекал да ја поднесе својата тужба“, како и дека го „пречекорил законскиот рок за застарување“ на своите тврдења.

Натаму во пресудата се наведува дека Трамп „пропуштил да докаже дека бил оштетен со какви и да се невистини“, истакнувајќи дека многу изјави на тужената „јасно се заштитени со Првиот амандман“ на Уставот на САД.

Другите тужени, вклучително и демократскиот пратеник Адам Шиф, кој водеше еден од процесите за отповикување на Трамп во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, и поранешниот британски разузнавач во Москва, Кристифер Филс, кој е автор на кампањата од 2016-та година за наводната соработка на републиканскиот милијардер со Москва.

Извештајот кој го состав Стилс му е даден на Федералното биро за истраги (FBI) во мандатот на демократскиот претседател Барак Обама чијашто државна секретарка беше Хилари Клинтон, како и на медиумите.

Истрагата за наводната врска меѓу Трамп и Кремљ, заврши со обвинувања на американски разузнавачи дека Русија наводно се мешала во американските избори што оваа го отфрла, но не докажа никаква поврзаност на кампањата на Трамп и руската стратана.