
Суд во Анкара наредил да биде спречен пристап до 136 интернет страници меѓу кои и сајтот на Бианет, независна новинарска мрежа базирана во Истанбул.
Блокирани се не само новинарски интернет портали туку и нивните страници на Фејсбук, Инстаграм, Твитет и Јутјуб, се наведува на страницата на Бианет кон која има пристап вон Турција.
Судската одлука е по барање на Главната команда на жандармеријата. Судот не го информирал во Бианет за причината за блокирање на сајтот.