Премиерот Абдала Хамдој, цивилен претставник на суданската транзиција, објави во неделата вечерта дека поднесува оставка по уште еден смртоносен ден во земјата во која сега осемена е само воената власт.
„Се трудев колку што можев подобро да спречам земјата да потоне во катастрофа, а денска е на опасната пресвртница која се заканува на нејзиното опстојување“, изјави Хамдок.
Предупреди на разединетостоа на политичките сили и на судирите на нејзините цивилни и воени чинители во процесот на суданската политичка транзиција.
„И покрај сето што е сторено за да се постигне консензус (…) тоа не се случи“, истакна Хамдок во обраќањето до сонародниците.
Двајца противници на воената власт во Судан беа убиени во неделата во Картум кога учестуваат во протестната поворка повторно од илјадници луѓе и покрај целосниот прекин на комуникациите и распоредувањето на голем број вооружени војници. Со тоа бројот на убиените демонстранти по пучот што го изведе генералот Абдел Фатах ал-Бурхан на 25-ти октомври се искачи на 56 луѓе.
Приградските населби веќе неколку дена се отсечени од Картум со контејнери на постовите преку Нил.
Масовните протести избувнаа по војниот преврат во октомври и продолжија и по постигнатиот договор во ноември кога војската го врати на чело на владата премиерот Абдала Хамдок кој беше во домашен притвор.
Според потпишаниот договор со генералот ал-Бурхан, Хамдок се обврза да ја води цивилната технократска влада во транзицискиот период. Транзицијата кон демократијата во Судан беше договорена уште по соборувањето на Омар ал-Башир во 2019 година, со што беше ставен крај на трите децении на неговото автократско владеење.