Судењето за организаторите на „27 април“ одложено за 2 јуни

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието продолжува на 2 јуни 2020 година, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

„За предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со организирање на настаните од 27 април во Собранието, ја информираме јавноста дека по барање на одбраната, која истовремено е повикана на јавна седница во Апелациониот суд – Скопје, дека расправата во Кривичниот суд се одлага. Судењето ќе продолжи на 2 јуни во 10 часот за што се известени и странките во постапката“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.