Судењето за „Талир“ одложено за 19-ти март

Судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, се одложува за 19-ти март.

На денешното рочиште не беше присутен претставникот на обвинетото правно лице Наум Стоилковски, за кој судот информираше дека е уредно повикан.

„Судот констатира дека заради отсуство на претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ главната расправа се има одложено повеќе пати и затоа го опоменува. Судот го задолжува претставникот да ги надомести трошоците за оваа главна расправа“, рече  судијата Османи Шабани.

Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18-ти февруари 2019 година. Во случајот обвинети се Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. Чингаровска призна вина и се спогоди со обвинителството, за што доби условна казна од две години.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ