Судијата Осман Шабани против мислењето на Антикорупциската дека има судир на интереси кај вештакот во „Топлик“

Судијата Осман Шабани денеска одлучи да не го почитува мислењето на Анткорупциската комисија во случајот „Топлик“. Одбраната побара мислење од ДКСК дали Борис Тунџев може да биде вештак во овој случај.

Мислењето на ДКСК беше дека не смее и дека има судир на интереси поради тоа што Тунџев истовремено е и директор на Агенцијата за катасат на недвижности.

Наградата што би ја добил вештакот, смета Антикорупциска не спаѓаат во приходи кои службеното лице, во случајот директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, може да ги остварува.

Но, за судијата Шабани ова мислење беше неважно и рече дека „Антикорупциска не е надлежна за спроведување на законот“.

Претходно одбраната образложи дека  вештакот мора да биде изземен.

-Ова не е став само на одбраната, туку и на Комисијата за спречување на корупција. И нема врска со тоа дали вештакот има или нема лиценца. Еве има, и што со тоа? Овде има конфликт на интереси, објасни адвокатот Дончо Наков.

Вештачењето на Тунџев ќе биде на седми јули.