Судии и судии

Крај на колумната

За разлика од другарката Зимбовска – судија за жалење, имаме право така да ја коментираме, ни се јавува нова судија големата Ирена Петрушевска, сега со моминско Антоска.

Ако Зимбовска со душманска СДСМ наредба брзо ги најде сите средства на „Транс Мет“ во вредност од 17 милиони, а го заборави имотот на Силекс Неметали, а им го најде (Силекс Неметали) државниот правобранител Фехми Стафа (има комплет документација кај медиумски играчи), тогаш оваа судија Ирена сами судете што има направено во нејзиниот стечај.

Оваа судија го реотвара самоницијативно стечајот, кој е воден 20 години за фирмата „Центро“. Што правевте другарице судија 20 години? Сега пак најдовте имот?  Уште ли пари се потребни? Дали оваа судија заслужува да и’ ја објавиме нејзината кола со регистрацијата? Да. Зошто? Бидејки мисли дека е нејзина државата. Но, тоа во наредните месеци. Сега само да дадам неколку збора за „Центро“ и судијава:

  1. Била назначена за стечаен судија во 2015 година;
  2. Стечајот завршува во 2017 година и во 2018 година се брише фирмата од Централен Регистер. Како негов правен наследник претходно со план за реорганизација станува „Луенанова“ ДООЕЛ Скопје;
  3. Од 2017 до 2022 година „Луенанова“ го спроведува планот за реорганизација и се носи конечен извештај од стечајниот управник дека е извршено комплетна имплементација на реорганизацијата и целосно намирени доверители;
  4. Најголемиот доверител добива надомест од 85 милиони денари;
  5. Инаку стечајниот управник за завршување на успешната стечајна постапка е награден со одлука на другарица судија Ирена во вредност од 12.594.848 милиони денари. Плус секој месец прима надоместок од 30.000 денари, со што вкупно земал 235.000 евра;
  6. Инаку да ја прашам другарица судија: Дали е вистина дека возиш возило Волксваген нешто на Т, со регистарски таблички СК 1***- *P?
  7. Дали го реотвори Стечајот без потпис кој се гледа на документ за ново возило судија и насекаде збориш дека пари не те инетересираат?

За жал е вакви се нашите судии. Ама за оваа имам следно мислење и ми се сони следново. Дека кога дошла од нејзиниот град прво ја однеле да го види ГТЦ. И добила ШОК и почнала да правиии: Мамооо! Среќа мајка и’ тука била и ја тапкала по грб и и’ велела: Немој Ирена не га цепи на снагата. Е, ама треба ли да се оди до ескалаторот. Нагоре мама ја чува за грб, ама надоле кога дошла до самиот крај скокнала и на мама и вели: за малку ка јувките на баба ќе ме стореше.

Ирена, како и да и е презимето, судија која влегува во калапот на непримерност можно е да е кралица во судница, ама ние сме во најмала рака принцови во медиумскиот свет.

СТОП НА КРАДЕЊЕ, СТОП НА ДУШМАНСТВО!!!

МАКЕДОНИЈА ИМА ПРАВО ДА ЖИВЕЕ БЕЗ КОРУПЦИЈА И ДУШМАНИ СУДИИИ!!!

Почеток на колумната

Оваа колумна ќе има за цел да започне размислување кон одредени судии и нивните тековни деловни потези, но и каков срам му нанесуваат на целокупното судство. Станува збор за Лидија Зимбовска и Ирена Петрушевска, па подоцна Антоска.

Што мора да се направи со судството? Дали Судиите се слуги на народот и чувари на Македонија? Дали сите судии се исти? На овие прашања ќе пробам да им дадам одговор на Судиите и Судиите. Ова се две различни категории кои сами ќе се препознаваат во текстот.

Голем дел на нормални судии влегуваат во мантрата на другиот тип на судии, а имаат нешто заедничко. Сакаат да глумат во јавноста дека они немаат информации за државно општествено политички и финансиски токови. А, вистината е следна. Јас судиите ги доживувам како комшии кои ќе Ве сретнат пред влез, Ви гледаат во ќесите од пазар и ти велат: Комшо кај беше? Ако го сакаш ќе му објасниш или ќе му одговориш по скопски: Еее! Ама ако не го сакаш одговорот е следен: на едно место, за една работа, на еден муабет со една личност, жена, што ја знаеш од кога си се родил.

За судиите и нивната моментална положба има еден прекрасен виц, и тоа бугарски како израз на денешницата наша судска, иако е стар од времето на нивниот комунизам. И тоа иде вака: Ас незнам какво сполуха, Орел, Рак и Штука. Орело на високо, Штука на длабоко, Рака на газ. Телефонската линија замира (сега и Тодор Живков неможе да го добие џелатот). А, Џелатот вели, Кој е крив кој  е прав, ас незнам, газот ште ви го оштетам.

Впрочем сите судии знаат се’. Еден пријател ми вели. Знаеш судиите судат под притисок. Молам? Па, дедо ми судел 1945 во Штип на смрт или слобода, па 1948 го однеле под две слики, на Тито и на Сталин. Оние кои отишле под Сталин дедо ми повеќе не ги видел. Дедо ми умре во оштествен стан.

Дали е време за под слика на Сталин? Ако прашате обичен народ одговорот, оној најискрениот, е следен: Додека 10 судии не настрадаат во секој смисол на значението на зборот нема да добиеме правда.

Дали е во право народот? Еве одговорот е ваков.

Вистината е толку жална што во овој момент е дека би морале да застанеме на иницијативата уште од времето на Заев, а сега од Мицкоски за распуштање на одредени судско – обвинителски тела за самоконтрола. Од друга страна т.н. „странци“ велат немојте, зошто знаат дека Македонија нема кадри кои би ја замениле оваа структура.

Затоа јас како Виктор Грозданов во два наврати кога зборувам за судски предмети посебно кога се става акцент на стечајни постапки некако ми се спојуваат информациите со Зоран Божиновски. Дали се СОГЛАСУВАМ или не со неговите ставови и речник, е моја лична работа. Затоа да обратам внимание по редослед.

Лидија Зимбовска – судија

Дали имам право да ја наречам оваа судијка злоба на злобите? Оставам на сите 1.100 вработени кои останаа на улица поради нејзината сталинистичко- Ким Јон Ун-судска нарачка, од „Транс Мет“ во сопственост на фамилијата Кочан. Оваа судијка подржана од медиумски гавази сакаше да не’ убеди дека е извршена измама надвор од здравиот разум, ама документите кажуваат нешто друго. Душмански досуди дека само Кочан мора да ги вратат парите колку што чинел тендерот со вредност од 17 милиони евра. За нејзина жал и заради тоа мора да пати и умствено и психолошки е дека уништила 1.100 фамилии со нивните деца и жени се случи следново:

  1. После неколку години државниот правобранител докажа дека „Транс Мет“ должи само 8.5 милиони евра од вкупната пресуда од 17 милиони. Случајно некој ги има и тие документи, а дали сум јас…?
  2. Остатокот средства го најдоа кај фамилијата Ѕинговци кои биле уценети да ги разнебитат Латас и Ивона Талеска и да тоа биде договор со Владата на Зоќе Заев за мир, ама државниот правобранител ги фати живи дека долгот е …;
  3. Повеќе другарке судијке Зимбова во следните неколку месеци. Ти нас не остави да патиме и да немаме леб, а ние со ружи ќе ти го честитаме секој твој ден и со порака…………;

Пораката е следна: Дали другарице ќе ни кажеш кој го ангажираше она старче стечаен судија Макревски од 83 години да го попише „Транс Мет“ за рекордни неколку месеци и ти да знаеш што да заплениш во пресудата.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес