Судири меѓу локалното население во Запорожје и украинските сили

Жителите на делот од Запорожје, на југот од Украина, кој е под контрола на силите лојални на Киев одбиваат да служат во редовите на територијалната одбран и има случаи на судири меѓу нив и припадниците на паравоените „нацистички“ украински единици, изјавил за агенцијата РИА Владимир Рогов, член на привремените воедно-административни проруски власти на регионот.

Според податоците кои претходно ги објави руското министерство за одбрана повеќе од 70 отсто од регионот е под контрола на проруските сепаратистички сили од Украина и руските единици кои ги помагаат во борбите против украинската војска. Притоа, регионалниот центар истоимениот град Запорожје е под контрола на украинските војски.

„Територијалната одбрана во делот на регионот Запорожје под контрола на режимот во Киев ќе биде отпишана. Запорожците масовно не сакаат да се борат и се обидуваат на секој можен начин да минат на нашата страна. Во Киев се свесни дека поради тоа невозможно е да му поделат оружје на населението во Запорожје, бидејќи тоа може да биде брзо свртено против нив“, рекол Рогов чиишто тврдења не можат да се потврдат од независни извори.

Според него, веќе дошло до неколку престрелки меѓу единиците составени од припадници на екстремистичките националистички движења дојдени главно од западните делови на Украина и локалното населени во Запорожје кои биле присилувале да стапат во редовите на територијалната одбрана.

„Запорожците не сакаат да војуваат, ниту да убиваат, ниту да умираат за Зеленски“, додал Рогов.

Во врска со пожарот кој во четвртокот зафатил дел од нуклеарната централа Запорожје, во близина на градот Енергодар, за што меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва а чија состојба го загрижува светот поради можна нуклеарна хаварија, Рогов прецизирал дека нападот ги извела 44-та артилериска бригада на украинската војска.

„Веќе јасно утврдивме кој стрелал и ја гаѓал (територијата на нуклеарката). Тоа се терористите од 44-та артилериска бригада на Вооружените сили на Украина, милитантите на (украинскиот претсеаател Владимир) Зеленски. Тие гаѓаа од правецот на Никопол од 152-милиметарски оружје, целно во нуклеарната централа Запорожје“, рекол Рогов.

Од почетокот на својата инвазија во Украина руските сили набрзо и релативно без поголеми борби ја преземаа контролата над најголемиот дел од регионот Запорожје, заземајќи ги големите градови како Херсон, Мелитопол и Берјанск, со што ја отцепи Украина од Азовското Море. Во овие области се назначени нови проруски власти, вратено е емитувањето на руските телевизиски и радиски програми, се обновуваат трговските врски со Русија, а новите власти објавија намера да станат дел од Руската Федерација, додека Киев од пред речиси цел месец тврди дека започнал контраофанзива и дека ќе ја ослободи областа и црноморскиот полуостров Крим кој во 2014 година по 60 години се врати во составот на Русија.