Демонстрантите од граѓанскот движење Жолти елеци се судрија со интервентната полиција во францускиот град Тулуз во саботата, истовремено додека претседателот Емануел Макрон се подготвува да најави нови мерки кои би требало да ги прекинат антивладините протеси кои траат веќе 22 викенди со ред.
Полицијата во Тулуз истрелувала солзавец и уапсила повеќе луѓе откако неколку стотици демонстранти започнале да фрлаат предмети кон нејзините припадници, да палат контејнери со ѓубре и да влегувале на просторите каде што им бил забранет пристапот.
Околу две илјади демонстранти се собрале на Алеата Жан Жорес, широка авенија во центарот на градот и на околните улици. Активистичките групи најавија на социјалните мрежи дека Тулуз е централната точка на 22-от круг од протесите, што го натера градоначалникот Жан-Клод Муденс да изрази загриженост.
Протестите во главниот град Париз и во другите градови, биле главно мирни до рано попледнето, но продолжуваат да вршат притисок врз претседателот Макрон. Тој се обврза да најави низа мерки чијашто цел е да се намали незадоволството во Франција. Новите насочен мерки Макрон ќе ги претстави на почетокот од следната седмица.
Протестите на Жолтите елеци започнаа во ноември минатата година, како противење на зголемувањето на данокот на гориво. Меѓутоа, неформалното движење набрзо се претвори во раширено незадоволство од владата на Макрон, и покрај брзата одлука да се укине зголемувањето на данокот на горивото и другите мерки во износ од над 10 милијарди евра, со што би се зголемила куповната моќ на гласачите со помали доходи.
Во својот одговор на протестите кои делови од Париз ги претворија во воени зони, Макрон ја започна двомесечната ткн „голема дебата“, сеопфатното јавното советување кои вклучуваше средби во градските совети во градовите ширум Франција. Премиерот Едуар Филип рече оваа седмица дека „дебатата“ укажала на потребата од побрзи намалување на даноците, конкретни потези околу климатските промени и потесниот однос на централните власти и покраините.