Судири во Хонг Конг, повредени тројца полицајци

Во текот на ноќта се судрија група активисти и полицијата во Хонг Конг, при што се повредени тројца полицајци, а четири мажи се уапсени, објави МИА.

Полицијата употреби бибер спреј и опрема за разбивање на протестите, а демонстрантите носеа маски и очила.

Група демонстранти се обиделе да влезат во зградата на Парламентот, но полицијата успеала да ги спречи.

Во Хонг Конг речиси два месеца се одржуваат продемократски протести со барање Пекинг да дозволи на следните избори во 2017 година да дозволи слободни и демократски избори.