Судири во Украина, загинаа двајца војници

Двајца украински војници се убиени, а деветмина повредени во судирите со проруските сепаратисти на истокот на земјата, што претставува втора ескалација на судирите во последните неколку недели.

Според украинската војска, сепаратистите пукале кон воен камион со противтенковски мини во близина на селото Писки, кај Доњецк, едно од упориштата на бунтовниците.

– Еден војник е убиен на самото место, а вториот нешто подоцна им подлегна на повредите, изјави портпаролот на армијата, Олександер Мотузианик.

Осум други војници се повредени во инцидентот, а деветтиот бил погоден од сепаратистите во друга зона, соопшти истиот извор.

Портпаролот предупреди за ескалација на насилствата во секторот на линијата на фронтот.

Според Киев, сепаратистите го нарушиле прекинот на огнот девет пати со минофрлач со 120 милиметарски гранати.

Од друга страна, проруските сепаратисти го обвинија Киев дека владините сили гранатирале територии кои се под нивна контрола.