Судот не потклекна на притисоците од власта за случаите на СЈО

Ниту еден осомничен од дузината предмети на Специјалното јавно обвинителство, кои беа поднесени на крајот на минатата недела, не доби мерка притвор, и покрај огромните притисоци кои власта ги правела врз надлежните за овие предмети во скопскиот Кривичен суд, и тоа и директно и индиректно, дознава НетПрес од судски извори.

Судот одлучи да им изрече мерки на претпазливост на сите, односно одземање на патните исправи и обврска за пријавување кај надлежно лице, еднаш неделно.

Правни експерти брифираат дека причина за ова биле неиздржаните и неквлаитетни обвиненија, кои ги сработило СЈО. Според нив, неквалитетно сработените актите на СЈО требало потоа во јавноста да се покриваат со изговори за непрофесионалност на судиите. Тие велат дека во нормални услови вакви обвиненија воопшто и не би биле разгледувани од судот, туку едноставно отфрлени. Според нив, обвинителните акти на СЈО биле полни со недоследности и пропусти, изработени само со описна содржина, некои дури и немале никакви материјални докази како поткрепа за делото за кое има кривичен прогон против одредени лица, а исто така некои од обвиненијата немале ниту една изјава на сведок. Се претпоставува дека сработеното од СЈО е неквалитетно, најверојатно бидејќи е изнасилено, односно важно било пред истекот на мандатот на оваа институција, да се поднесат што е можно повеќе обвинителни акти, кои ќе опфатат што е можно повеќе лица. Правниците брифираат дека ниту еден судија не подлегнал на притисок бидејќи едноставно никој од нив не сакал да стои со име и презиме зад незаконски одлуки. Тие велат дека судиите сработиле најпрофесионално во рамки на законот, носејќи т.н. соломонски одлуки, а како доказ за тоа ја наведуваат едногласноста во одлуките за барањата на СЈО.

Исто така, претпоставките се дека обвинителите на СЈО за сите лица опфатени во обвиненија барале притвор, најверојатно сметајќи дека барем дел од нив ќе завршат во скопскиот Истражен затвор.

Правните експерти, кои ги консултираше НетПрес, велат дека постојаните…