Судот потврди – Ивица Коневски е „комшија“, адвокатот загуби од Стоилковски

Фејсбук објава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски 

„И официјално, со судска тапија; именувањето со “Комшија” за Ивица Коневски НЕ Е НАВРЕДА! Зошто бе комшија не кажуваш дека го изгуби процесот против мене за навреда и клевета?
Ајде биди доблесен барем еднаш и онака како што ја најави тужбата на долго и широко, сега да ми се извиниш што ме тегнеше по судови и што ме навредуваше и омаловажуваше дека клеветам и лажам, да ми се извиниш што не вознемируваше мене и семејството.
И пофали се комшија, ти успеала акцијата, си извадил Имотен лист за дуќанот кај Мајчин дом.
И тоа сега, пред месец дена, мислејќи дека си заташкал трагите?
А може и да се гледа како успех за адвокат со три години искуство, кој што ни сам не препознава на суд што е навреда, а што клевета, нели?
Патем, Комшија, ќе гугнеш ли нешто за Заев, критика ли, фалба ли, види тој како ве фали, нов спонзор ли ви е во Мериот, се согласувате со сите ставови? Љубов ли е, интерес ли е?
Или пак ли ќе се жалиш дека сум пишал дека три години збор за Заев не си пишал?
Патем, јас нема да застанам да зборам и покрај заканите “продолжи да збориш, ќе видиш ти”. “Гугни бе, ќе ми снема лента”, пишува Стоилковски.

Ивица Коневски тужбата за клевета ја поднесе, откако Стоилковски обелодени дека тој купува деловен простор од над 300 метри квадратни во новиот објект кај Мајчин дом во Општина Аеродром