![kongo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/3B104563-D001-4F06-925B-91F859A1AAA0_w1597_n_r1_st.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Воениот суд на Демократска Република Конго осуд 51 лице на смртна казна за убиство на двајца службеници во мисијата на Обединетите нации во 2017 година, пренесува во саботата Agence France-Presse (AFP).
Според инфорамциите на агенцијата, уште еден осомничен е осуден на 10 години затвор. Покрај тоа, двајца од обвинетите во овој случај се ослободени од секаква вина. Истовремено, AFP потсетува дека во ДР Конго од 2003 година на сила е мораториум на извршувањето смртна казна, којашто вообичаено се заменува со доживотен затвор.
„Едел локален службеник за имиграциај е меѓу осудените на смртни казни, додека армиски полковник доби 10 години затвор““, изјави Тмас Феси, виш истражувач на организацијата за заштита на човековите права Human Rights Watch за Конго.
Меѓутоа, Феси и сестрата на убиената жена изјавиле дека истрагата ја игнорирала можната вмешаноста на повисокорангирани функционери и дека судењето не ја открило вистината за злосторството.
Двајца службеници од мисијата на Обединетите нации, државјанка на Шведска, Заида Каталан, и државјанин на САД, Мајкл Шарп, исчезнаа во март 2017 година во конгоанскате провинција Касаи. Тие ги истражувале локациите за кои постоело сомневања дека се масовни гробници на луѓе екгзекутирани во текот на вооружените судири во регионот меѓу владините сили и локалните милиции.
Телата на двајцата експерти за вештачења беа пронајдени две седмици подоцна. Според официјалната верзија, биле убиени од локалните милиции. Во јуни истата година, Советот за безбедност при ОН сугерираше дека убиството било целено и планирано, како и дека во злосторството можно е да бидел вмешани локални припадници на специјалните и разузнавачки служби.