Судот во Колорадо му забрани на Трамп да се кандидира на изборите

Поранешниот претседател Доналд Трамп не може да се појави на гласачкото ливче во Колорадо на претседателските избори следната година поради неговата наводна улога во нападот на американскиот Капитол на 6-ти јануари 2021 година од страна на неговите приврзаници, одлучи највисокиот суд во спомената американска сојузна држава во вторникот во историска одлука која најверојатно ќеја преземе Врховниот суд на САД.

Со мнозинство од четири од седумте судии, Врховниот суд во Колорадо го направи Трамп првиот претседателски кандидат во историјата на САД за кој се смета дека не е подобен за Белата куќа според ретко користената одредба од Уставот на САД, која им забранува на службениците кои учествувале во „побуна“ во извршување на функцији. Пресудата сега се однесува само на републиканските прелиминарни избори во Колорадо на 5-ти март, но нејзиниот заклучок може да влијае на положбата на Трамп во оваа држава на изборите на 5-ти ноември.

Непартиските прогнози за изборите во САД го гледаат Колорадо како безбеден демократски бастион, што значи дека претседателот Џо Бајден најверојатно ќе има водство во оваа државата без оглед на судбината на Трамп таму. Трамп најави жалба на пресудата до Врховниот суд на САД, а судот во Колорадо соопшти дека ќе го одложи ефектот на неговата одлука најмалку до 4-ти јануари 2024 година за да ја овозможи жалбата.

Пресудата поставува предизвик за Врховниот суд на САД, кој има мнозинство од 6-3 конзервативни судии со доживотен мандат, од кои поради смртни случаи и пензионирани на претходниците тројца се именувани во мандатот на Трамп по именувањата што ги направи неговиот демократски претходник Барак Обама, да рагледа дали Трамп има право да се кандидира во државата и да служи уште еден претседателски мандат.

Пресудата во се смета за тест случај за пошироките напори на политичкиот неокознервативен и неолибераријански естаблишмент да се дисквалификува Трамп од државните гласачки ливчиња според член 3 од 14-тиот амандман, кој беше донесен по Граѓанската војна во САД за да се спречат поддржувачите на Конфедерацијата да служат во владата.

Судот во Колорадо пресуди дека Уставот на САД му забранува на Трамп, фаворит за републиканска номинација во 2024 година, и воопшто со водство во анкетите на сојузно ниво, да се појави на гласачкото ливче поради неговата наводна улога во поттикнувањето насилство во Капитол додека пратениците се состануваа за да ги потврдат резултатите од изборите во 2020 година. Самиот Трамп, неговите политички поддржувачи и приврзаниците меѓу Американците сѐ уште тврдат дека нему тогаш му беа украдени изборите во полза на Бајден.

Историското обвинение против поранешниот претседател на 1-ви август федерално, а потоа на 14-ти август од страна на државата Џорџија за неговите наводно недозволени обиди да постигне поништување на резултатите од изборите во 2020 година отвори правна дебата за неговата можна неподобност за учество на изборите, што доведе до тужби во неколку држави.

Но, од околу петнаесет случаи кои се во тек во различни држави, вклучително и два отфрлени во Минесота и Мичиген, судовите во Колорадо беа првите што го прогласија Доналд Трамп за неподобен.

„Овие заклучоци не ги носиме несериозно. Свесни сме за големината и тежината на прашањата што сега се пред нас. Свесни сме и за нашата свечена должност да го применуваме законот, без страв или наклонетост, и без да бидеме поколебливи од реакциите на јавноста на одлуките што законот бара од нас да ги донесеме“, напишаа судиите кои гласаа за одлуката во соопштение.

Кампањата на Трамп ја нарече одлуката на судот „недемократска“.

„Врховниот суд во Колорадо донесе погрешна одлука вечерва и ние брзо ќе поднесеме жалба до Врховниот суд на САД“, изјави портпаролот на кампањата на Трамп.