На основачот на разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks, 49-годишниот Австралиец Џулијан Асанж, судот во Лондон во средата му ја одби кауцијата со образложение дека постои опасност од бегство, пренесува Reuters и додава дека во меѓувреме САД настојуваат да издејствуваат негова екстрадиција за да му се суди за шпионажа.
Судијката на Вестминстерскиот магистратски суд Ванеса Барајтсер, под чие претседателство за случајот заседаваше Централниот кривичен суд на Лондон во Олд Бејли, кога во понеделникот пресуди дека Асанж не може да биде екстрадиран поради опасност по неговиот живот, во средата изјави дека неговото претходно однесува покажува дека постои оправдано стравувања од бегство, доколку биде пуштен на условна слобода.
Истовремено, американското министерство за правосудство вложи жалба на нејзината одлука за неекстрадирање од понеделникот. Барајтсер тогаш ги отфрли сите аргементи на одбраната за политички мотовиран прогон на Асанж, но одби да биде израчен на САД поради состојба на неговото ментално здравје, односно опасноста дека би можел да изврши самоубиство, колку и да биде чуван.
„Постојат основани причини да се верува дека Асанж, кога денеска би бил пуштен од затвор, не би се појавил на судот и би се соочил со жалбената постапка“, изјави Барајтсер.
Со тоа судијката алудираше на фактот дека во 2012 година Асанж ги прекршил одредбите од условното ослободување за да избегне екстрадиција во Шведска поради обвиненија за наводни силувања, кои подоцна одпатднаа, и кога пребега во амбасада на Еквадор во Лондон.
„Кога станува збор за господинот Асанж (…) тој сѐ уште не победил, исходот од жалбата (на САД) сѐ уште не е познат“, додаде судијката Барајтсер.
Асанж во еквадорската амбасада во Лондон мина седум години, за на крајот буквално да биде извлечен од зградата откако еквадорските власти му го ускратија гостопримството, односно му го укинаа азилот.
Во мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама, САД подиграа обвинение по 18 точки, кои се однесуваат на објавување доверливи информации за американските воени операции на Блискиот исток а кои се однесуваат и на сокриени извештаи за цивилни жртви, како и на доверливата коресподенција на американската дипломатија која откри многу непријатни забелешки за бројни светски челници, вклучително и за американските сојузници.
Приврзаниците на Асанж го сметаат за херој кој се жртвувал разоткривајќи ги американските противправни постапки во Авганистан и во Ирак, и наведуваат дека кривичните постапки против него се воедно и напад врз медиуми и слободата на говорот.
Ресурсот WikiLeaks стана глобално познат откако во 2010 година објави скриено видео на американската војска кој прикажува напад на борбен хеликоптер од типот „Apache“ во иранската престолнина Багдад во 2007 година, во кој загинаа десетици лица, вклучително и двајца новинари на агенцијата Reuters. Потоа следуваа и објавите на стотици илјади документи за воени операции и дипломатски депеши.